среда, 23 октомври 2024

САД го предупредија Израел: „Не го бомбардирајте Бејрут“

Соединетите Држави водат дипломатска акција за да го одвратат Израел да го нападне либанскиот главен град Бејрут или клучната цивилна инфраструктура како одговор на смртоносниот ракетен напад на Голанската висорамнина, изјавија извори за Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вашингтон се обидува да спречи сеопфатна војна меѓу Израел и либанското шиитско движење Хезболах, кое е поддржано од Иран, по нападот на игралиште во Голан (кој е под контрола на Израел) во текот на викендот, кога загинаа 12 млади, за што САД го обвини Хезболах.

Израел и САД го обвинија Хезболах за ракетниот напад, иако групата негира одговорност.

Фокусот на брзата дипломатија е да се ограничи одговорот на Израел потикнувајќи го да не гаѓа во густо населениот Бејрут, јужните предградија на градот кои го сочинуваат центарот на Хезболах или клучната инфраструктура, како што се аеродроми и мостови, рекоа извори, кои сакаа да останат анонимни.

Заменик-претседателот на либанскиот парламент Елиас Бу Сааб, кој рече дека е во контакт со американскиот посредник Амос Хохштајн по нападот на Голан во саботата, изјави за Ројтерс дека Израел може да ја спречи заканата од голема ескалација со поштеда на главниот град и неговата околина.

„Ако ги избегнат цивилите и го избегнат Бејрут и неговите предградија, тогаш нивниот напад би можел да биде добро пресметан“, рече тој.

Израелските власти рекоа дека нивната земја сака да му наштети на Хезболах, но не да го вовлече регионот во сеопфатна војна. Двајца блискоисточни и европски дипломати изјавија дека Израел не се обврзал да избегнува напади врз Бејрут, неговите предградија или цивилната инфраструктура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ