Минатата година, Министерството за правда го обвини рускиот олигарх Константин Малофеев за прекршување на санкциите воведени кон Русија по инвазијата на Украина, велејќи дека тој ги финансирал Русите што промовираат сепаратизам на Крим.
Гарланд, исто така, најави заплена на милиони долари од сметка во американска финансиска институција поврзана со Малофеевото прекршување на санкциите.
Како што самиот кажа, Гарланд сега одобрил трансфер на тие пари за користење во Украина.
„И иако ова претставува прв американски трансфер на запленети руски средства за изградба на Украина, нема да биде последен“, рече Гарланд.