Сабаленка ја оправда улогата на фаворит, но Наваро не се даде лесно иако загуби во два сета.
Во првиот сет Сабаленка беше подобра со 6-3, додека во вториот се играше тајбрејк кој таа го доби со 7-2.
Мучова имаше фуриозен почеток на мечот против Пегула добивајќи го првиот сет со 6-1, но во продолжението работите се променија.
Следните два сета ѝ припаднаа на Пегула со 6-4 и 6-2 за победа со пресврт и пласман во финалето.