„Факт е дека Русија, во воена смисла, е непобедлива. Понатамошна ескалација на војната ќе доведе до непоправливи последици по целото човештво, пред сè за сите земји кои се директно вклучени во руско украинскиот конфликт. За жал, добрата шанса за постигнување макар и примирје е пропуштена со тоа што не беше склучен Истанбулскиот договор“, кажа Токаев.
Меѓутоа, напомена тој, прилика за постигнување мир и понатаму постои. Неопходно е внимателно да се разгледаат сите мировни иницијативи на различните држави и да се донесе одлука за прекин на непријателствата, а потоа да се премине на разговори за територијалните прашања, оцени претседателот на Казахстан.
„Според нас, мировниот план на Кина и Бразил заслужува поддршка. Лидерите на државите доаѓаат и заминуваат, но народите, особено соседите, треба да живеат во мир и меѓусебно разбирање. Казахстан и Русија ја имаат најдолгата во светот демилитаризирана копнена граница. Меѓу нашите држави се развива соработка во рамки на стратегиско партнерство и сојузништво“, истакна Токаев.
Шолц денес допатува во официјална посета на Казахстан. Тој ќе учествува на вториот самит Централна Азија+Германија, а ќе разговара и за реализацијата на заедничките инвестициски проекти.