среда, 16 октомври 2024

Новоградбите во Кисела Вода ќе бидат приклучени на централното парно, уверува Милетиќ

Новиот директор на ЕСМ Дистрибуција Петар Милетиќ најавува дека со изградбата на нов секундарен топловод ќе се реши проблемот со приклучување на новоизградените згради и објекти на потегот меѓу булеварот Борис Трајковски и улиците Михаил Чаков, Народни Херои и Лазар Димитров во општина Кисела Вода.

Објавено на

часот

Сподели

Од ЕСМ Дистрибуција информираат дека Милетиќ остварил средба со засегнатите страни со цел да се реши ова прашање.

Оттаму велат дека поради неажурноста и неодговорноста на претходното раководство, топловодот не бил реализиран неколку години, но, дека новото раководство наишло на разбирање и решение за овој проблем со изградба на нов секундарен топловод.

„Со изградбата на секундарниот топловод ќе се создадат услови за приклучување кон системот за централно греење. Инвеститорите на објектите согласно нивните обврски, конечно ќе можат да ја завршат постапката за приклучување на објектите кон системот за централно греење.Согласно Одобрение за градење од 24 јули 2024 година и правосилност од 3 септември 2024 година издадено од страна на Општина Кисела Вода, ЕСM Дистрибуција ќе започне со изградба на нов секундарен топловод”, Скопје, се вели во соопштението.

Од ЕСМ дистрибуција информираат дека, исто така, Милетиќ, во најкус временски период потпишал 27 согласности за испорачување на топлинска енергија во новоизградените објекти потенцирајќи притоа дека активностите ќе се изведуваат без застој и навремено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ