понеделник, 25 ноември 2024

Руското Министерство за одбрана се обрати до членовите на Вагнер, Москва воведе антитерористички мерки

Објавено на

часот

Сподели

Ѝм се обраќаме на борците на десантните единици на ПВК Вагнер. Тие ве измамија во криминалната авантура на Пригожин и учество во вооружен бунт. „Многу ваши соборци од неколку единици веќе ја сфатија својата грешка, побараа помош за безбедно да се вратат во касарните“, велат од Министерството.

Додаваат и дека „таква помош пружиле на секој што ѝм се обратил“.

„Ве молиме да покажете здрав разум и да ги контактирате претставниците на Министерството за одбрана на Русија или органите на редот што е можно побрзо. Ние ја гарантираме вашата безбедност“, соопшти Министерството.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, воведе „антитерористички мерки“ во руската престолнина, поради ескалацијата на конфликтот меѓу руската војска и платениците Вагнер.

Собјанин во саботата наутро на својот канал Телеграм напиша дека на улиците веќе се воведени зголемени контроли во сообраќајот. Можни се и ограничувања на масовните настани, додаде тој.

„Како резултат на добиените информации, во Москва се спроведуваат антитерористички мерки за зајакнување на безбедноста“, напиша Собјанин.

Тој побара разбирање од повеќе од 13 милиони жители на метрополата.

За зголемените безбедносни мерки на Телеграм напиша и гувернерот на Московската област Андреј Воробјов. Гувернерот ги повика луѓето, доколку е можно, да се воздржат од патување со приватни автомобили во јужниот дел на Русија, каде што ситуацијата е особено напната во моментов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ