петок, 18 октомври 2024

Рускиот амбасадор во Србија: Вучиќ ме информираше дека Западот стои зад немирите во Белград

Рускиот амбасадор во Србија Александар Боцан Харченко изјави за руската телевизија Русија 24 дека српскиот претседател Александар Вучиќ го информирал дека Западот стои зад актуелните немири во Белград.

Објавено на

часот

Сподели

„Опозицијата ги почна протестите кои се поддржани однадвор. Вучиќ зборуваше за тоа, не можам за деталите бидејќи се доверливи информации. Но тој има несоборливи докази дека поттикнувањето на немирите дошло од Западот“, кажа Харченко по средбата со Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

Вучиќ претходно на Инстаграм објави дека го информирал Харченко за немирите во Белград и повтори: „Ќе направиме сè за да ја зачуваме безбедноста на граѓаните и на наша Србија“.

„Разменивме мислења и за билатералните односи, ситуацијата во регионот и актуелните геополитички настани. Му ја пренесов на амбасадорот желбата нашите два народи да ги дочекаат претстојните празници и Новата година во мир и благосостојба“, кажа претседателот на Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ