четврток, 24 октомври 2024

Руски воени бродови пристигнуваат на Куба

Бродови на Балтичката флота на Руската Федерација испловиле за Куба, а се очекува да пристигнат во пристаништето во Хавана во сабота, објави министерството на Револуционерните оружени сили на Куба на социјалната мрежа Икс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Од 27 до 30 јули во работна посета во пристаништето Хавана ќе стигнат бродови на Балтичката флота на Руската Федерација, вклучувајќи го бродот Смолни, патролната фрегата Неустрашими и танкерот Јелња“, се наведува.

За време на посетата руските морнари ќе се сретнат со шефот на кубанската морнарица, властите на Хавана, ќе ги посетат знаменитостите, а ќе учествуваат и во други настани, пренесува РИА Новости.

Локалните жители ќе можат да го посетат бродот Смолни во недела и понеделник.

Група бродови на Северната флота, вклучувајќи ги нуклеарната подморница Казањ, фрегатата Адмирал Горшков, танкерот Академик Пашин и спасувачкиот реморкер на руската воена морнарица Николај Чикер, влезе на 12 јуни во пристаништето Хавана.

Официјалната посета траеше пет дена, по што кубанска делегација пристигна во Санкт Петербург за учество на Денот на руската морнарица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ