сабота, 26 октомври 2024
Првпат по месец и пол

Руски ракетен напад врз Киев, десетина повредени (ВИДЕО)

Русија рано утрово изврши ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина, при што беа повредени најмалку 10 луѓе и оштетени станбени и индустриски згради, иако сите проектили беа соборени, соопштија градските власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот голем напад во последниве недели, градот беше нападнат и со балистички и со крстосувачки ракети, изјави Серхиј Попко, шеф на градската воена управа.

„По пауза од 44 дена, непријателот изврши нов ракетен напад врз Киев“, рече тој. „Сите служби за итна помош работат на лице место. Последиците од ракетниот напад се елиминираат“, рече Попко.

Градоначалникот Виталиј Кличко рече дека најмалку 10 лица се повредени низ градот. Единаесетгодишно девојче е меѓу двете лица пренесени во болница, соопштија градските власти.

Украинската воздушна одбрана ги собори руските проектили, сите 31, кои беа насочени кон главниот град, соопштија воздушните сили.

Попко сподели дека руската армија користела стратегиски бомбардери и лансирала некои проектили од своја територија, додека по долго летање во соседните региони, проектилите го гаѓале градот од различни правци.

Воздушната тревога траела речиси три часа.

Кличко рече дека остатоците од проектилот погодиле неколку станбени згради, индустриски постројки и детска градинка низ градот.

Жителите на повеќекатница во централниот кварт Шевченкивскиј се евакуирани откако еден од становите се запалил. Во нападот биле искршени и прозорците на неколку околни куќи, а биле и запалени приватни автомобили, изјави Попко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ