недела, 27 октомври 2024

Руски медиуми: „Камала со нуклеарно копче е полоша од мајмун со граната“ (ВИДЕО)

Руските медиуми остро ја нападнаа американската потпретседателка Камала Харис, откако претседателот Џо Бајден се откажа од претседателската трка.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Џо Бајден се откажа од својата кандидатура за нов претседателски мандат под сѐ поголемиот притисок од неговите колеги демократи и ја поддржа Харис како кандидат на партијата што ќе се соочи со републиканецот Доналд Трамп на ноемвриските избори.

Целата ситуација ја коментираа и гостите на руската државна телевизија.

„Камала со нуклеарно копче е полоша од мајмун со граната“, рече Андреј Сидоров, декан на Московскиот државен универзитет, за време на гостувањето во емисијата на Владимир Соловјов, која ја емитува државниот ТВ канал Расија-1.

Во емисијата се зборуваше и за начинот на кој Харис се смее. Се емитуваше клип на кој Трамп вели: „Сте ја виделе ли некогаш како се смее? Таа е луда. Знаете, може да многу работи да заклучите од нечија насмевка“.

Во друга емисија на каналот Расија-1, споделена на социјалната мрежа Икс, американската потпретседателка беше наречена „самиот ѓавол“.

„Што знаеме за неа? Таа е дестилирано зло. Бајден барем го претставуваше остатокот од старата конзервативна Америка. Харис е ѓаволот во неговата најчиста форма“, рече Олег Матвечјев, пратеник во рускиот парламент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ