сабота, 13 јули 2024

Руски градоначалник: 7 исчезнати во Нова Каховка по уривањето на браната

Објавено на

часот

Сподели

Браната Нова Каховка на реката Днепар, која е под контрола на Москва, беше уништена вчера и поплави дел од линијата на фронтот во областа Керсон, принудувајќи ги жителите на бегство. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната.

Околу 42.000 луѓе се во опасност од поплави во областите под контрола на Русија и Украина долж реката Днепар, соопштија украинските власти, а шефот за хуманитарна помош на ОН предупреди на „тешки и далекусежни последици“.

„Со сигурност знаеме дека седум лица се водат за исчезнати“, изјави градоначалникот на Нова Каховка, Владимир Леонтијев, а пренесе ТАСС. Над 900 луѓе вчера беа евакуирани од градот со околу 45.000 жители, кој е под руска контрола и се наоѓа на левиот брег на реката Днепар.

Украинските власти соопштија дека околу 80 заедници низ регионот Керсон се во опасност од поплави. Гувернерот на украинската област Керсон, Олександр Прокудин денеска изјави дека на десниот брег на реката Днепар се поплавени 1.582 куќи, а во текот на ноќта се евакуирани околу 1.457 луѓе.

Претходно, Прокудин изјави дека во текот на изминатиот ден еден цивил загинал, а еден е повреден при руското гранатирање на регионот и градот Керсон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ