петок, 18 октомври 2024

Руски брод со муниција пристигна во Сирија

Објавено на

часот

Сподели

Руски брод со „опасен товар“ пристигна во конфликтната Сирија, јавуваат странски медиуми, повикувајќи се на извори во фирмата од Санкт Петербург во чија сопственост е бродот. Бродот само кратко запрел на Кипар да дотури гориво.
Изворот одбил да ги коментира руските и кипарските медиумски известувања дека бродот „Кочија“, кој од матичното пристаниште тргнал на 9 декември, пренесува товар на рускиот извозник на оружје „Рособоронекспорт“. Кипарскиот весник „Политис“ јави дека бродот пренесува 60 тони муниција.
Русија одамна е главен набавувач на оружје на Сирија, каде што претседателот Башар Ал-Асад се обидува насилно да ги задуши 10-месечните немири, поттикнувајќи западни и арапски санкции против Дамаск на кои Москва не им се придружи.
Портпаролот на „Рособоронекспорт“ во петокот изјави дека компанијата ниту ги потврдува ниту ги демантира известувањата.
Кипарските медиуми јавија дека крајбрежните служби пресретнале товар муниција на пат кон Сирија при рутинска контрола и дека бродот влегол во пристаништето Лимасол по гориво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ