петок, 18 октомври 2024

Руски брод осомничен дека влегол во финските води

Руски брод е осомничен за територијално нарушување на морското подрачје на Финска во Финскиот Залив, дел од Балтичко Море, соопшти денес финското министерство за одбрана, пренесува Асошиејтед прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Наводниот прекршок, кој финската гранична стража во моментов го истражува, се случил во источниот дел на Финскиот залив во петокот попладне, се наведува во краткото соопштение на владата.

Министерството не откри детали од инцидентот, но финскиот весник Хелсингин саномат тврди, повикувајќи се на информации од гранични функционери, дека осомничениот брод е хидрографски истражувачки брод на руската морнарица, Михаил Казански.

Рускиот брод, користен меѓу другото за подводна топографија и поправки, наводно во петокот попладне влегол во финските територијални води јужно од градот Хамина без дозвола, а прекршокот траел околу седум минути, пишува весникот.

Претходното потврдено кршење на територија во нордиска земја се случило на 10 јуни, кога четири руски авиони влегле во воздушниот простор на Финска кај јужните градови Ловиса и Прово, соопшти Министерството за одбрана.

Финска, членка на НАТО од април 2023 година, има граница долга 1.340 километри со Русија и е надворешна граница на Европската Унија на северот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ