Локалните власти известија за голема експлозија во градот веднаш над границата со Украина. Регионалниот гувернер изјави дека се повредени две жени.
„Додека авионот Сухој Су-34 летал над градот Белгород, дошло до случајно испуштање на оружје“, рече Тасс, објавувајќи го соопштението на Министерството за одбрана.
Авионот Су-34 е суперсоничен ловец-бомбардер. Не е кажано за какво оружје станува збор.
Министерството соопшти дека се оштетени некои згради и објави дека истрагата веќе е во тек, наведува руската агенција, а пренесува Ројтерс.
Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, објавувајќи вонредна состојба, на Телеграм изјави дека на една од главните улици има кратер од 20 метри, без да прецизира што го предизвикало. Оштетени се четири автомобили и четири станбени згради, додаде тој.
На видео снимката од местото на настанот се гледаат купишта бетон на улицата, неколку оштетени автомобили и зграда со искршени стакла. На една од снимките се гледа автомобил превртен наопаку на покривот на една продавница.
poor russian bitch shits herself over.
“During the flight of the Su-34 aircraft over Belgorod, there was an accidental landing of aviation ammunition”, russian ministry of war reported. pic.twitter.com/hhGZWLD3XN— Father Shiva ➩ (@shiva_ukraine) April 21, 2023
Регионот Белгород е еден од неколкуте делови на јужна Русија каде цели како што се складишта за гориво и муниција биле потресени од експлозии од почетокот на руската инвазија на Украина.