понеделник, 25 ноември 2024

Руската национална гарда ќе биде опремена со тешко оружје и тенкови

Објавено на

часот

Сподели

Золотов изјавил дека за ова прашање разговарал со Путин, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости. Золотов истакнал дека борците на руската гарда „дејствувале компетентно за време на обидот за вооружен бунт минатиот викенд“.

За да се спречи крвопролевање, Гардата соработувала со Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Министерството за внатрешни работи и Министерството за вонредни ситуации, рече Золотов.

Тој, исто така, рече дека платениците од Вагнер, кои организираа краткотраен бунт за време на викендот, не би можеле да ја заземат Москва доколку стигнале до руската престолнина, пренесе новинската агенција Тасс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ