„Се разбира, кампањата ќе биде конкурентна бидејќи е очигледно дека ќе има повеќе од еден кандидат. Во секој случај, веќе има повеќе од 30 лица кои сакаат да станат кандидати“, изјави Ела Памфилова за ТАСС.
Поранешната телевизиска новинарка Екатарина Дунцова беше спречена да се кандидира против рускиот претседател Владимир Путин на изборите следниот март поради „грешки“ во пријавата за кандидатура, објави нејзиниот изборен штаб пред три дена на комуникациската платформа Телеграм.
Одлуката е донесена само три дена откако 40-годишната Дунцова поднела пријава до изборната комисија да биде регистрирана како кандидат.
Таа имала намера да се кандидира со програма која вклучувала ставање крај на војната во Украина и ослободување политички затвореници.
Критичарите сметаат дека изборите се лажен процес со само еден можен исход.
Кремљ тврди дека Путин ќе победи бидејќи ужива вистинска поддршка во општеството, која според анкетите е околу 80 проценти.