понеделник, 25 ноември 2024

Русија: Украинските сили извршија напад со хемиско оружје во близина на Соледар

Објавено на

часот

Сподели

Украинските сили ги нападнаа руските позиции во близина на градот Соледар, во таканаречената Народна Република Доњецк во источна Украина, со забрането хемиско оружје, соопштија проруските власти.

„Украинските вооружени формации пукаа со хемиско оружје на нашите позиции во близина на Соледар. Кога ќе се детонираат, испуштаат иритирачки чад што предизвикува горење на кожата, а луѓето губат свест кога го вдишуваат“, изјави за ТАСС, Андреј Марочко, потполковник на Народната милиција на Народна Република Луганск, повикувајќи се на извори од линијата на фронтот.

Марочко истакна дека специјалците на руските сили за радијациона, хемиска и биолошка одбрана во моментов го утврдуваат видот на отровот што украинските војници го употребиле во нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ