„Денеска рано изутрина во воениот објект во Вороњеж е спречен обид за напад од две непријателски беспилотни летала. Како резултат на реакцијата, едно од нив скршна од курсот и падна, додека другото беше елиминирано со оган“, напиша тој, пренесе ТАСС.
Според гувернерот, во областа Вороњеж се спроведуваат дополнителни безбедносни мерки.
„Интеракцијата со органите за спроведување на законот и воената команда продолжува. Јас лично ја следам ситуацијата“, додаде Гусев.
Руските сили за воздушна одбрана соборија непријателски дрон во областа Курск, која граничи со Украина, изјави гувернерот на регионот, додавајќи дека во урнатините се оштетени гасовод и една куќа.