„Се сомневам дека за ова прашање ќе се разговара јавно, Америка со децении го чува своето тактичко нуклеарно оружје на територијата на голем број европски земји и никогаш не изнесуваат прецизни бројки, тоа се секогаш некои параметри и експертски проценки. Зошто ние еднострано треба да објавуваме такво нешто“, изјави Рјабков, пренесе Интерфакс.
Тој додаде дека Русија нема да ја информира Америка ниту за тестирањето на морските дронови Посејдон.
„Ние не сме обврзани да го правиме тоа. Постојат голем број договори од 80-тите години на минатиот век кои предвидуваат меѓусебно известување за лансирање на интерконтинентални балистички ракети и подморнички балистички ракети. Ниту едното ниту другото не се поврзани со тој систем, а тестовите од тој тип не спаѓаат и не можат да спаѓаат под никакви механизми за верификација“, посочи Рјабков.