недела, 20 октомври 2024

Русија на своите нови нуклеарни подморници го поставува моќниот ракетен систем Циркон

Објавено на

часот

Сподели

„Повеќенаменските нуклеарни подморници од проектот Јасен-М ќе бидат опремени со ракетниот систем Циркон“, изјави Алексеј Рахманов, извршен директор на корпорацијата Обединетата бродоградба, а пренесува Скај њуз.

Подморниците Јасен-М се новата руска флота од подморници на нуклеарен погон со крстосувачки ракети, кои треба да ги заменат подморниците од советската ера во склоп на модернизацијата на морнарицата.

Хиперсоничните ракети Циркон имаат дострел од 900 километри и можат да патуваат со неколку пати поголема брзина од звукот, па затоа е многу тешка одбраната од нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ