четврток, 24 октомври 2024

Русија лансираше ирански истражувачки сателит во вселената

Русија лансираше ирански истражувачки сателит во вселената кој ќе ја скенира топографијата на Иран од височина од 500 километри, јави Ројтерс.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Истражувачкиот сателит „Парс 1“ е лансиран на руска ракета Сојуз од космодромот Восточни, во источниот регион Амур, тежи 134 килограми и е опремен со три камери.

Космодромот Восточни е во функција од 2016 година и се наоѓа недалеку од руската граница со Кина и на околу 1.500 километри од пристаништето Владивосток.

„Нашите сегашни домашни бази за лансирање сè уште немаат можност да лансираат сателити на адекватен начин, затоа ја користиме руската база за лансирање“, рече иранскиот министер за информации и комуникации Иса Зарепур.

Во 2022 година, Русија го испрати иранскиот сателит за далечинско набљудување Хајам во орбитата од казахстанскиот космодром Бајконур, што ја одразува длабоката научна соработка меѓу двете земји под американски санкции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ