петок, 18 октомври 2024

Русија ќе им дава државјанство на странските борци

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој им се овозможува на странските државјани кои се борат на страната на Русија во Украина да добијат руско државјанство за себе и за своите семејства.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мерката им дозволува на оние кои потпишале договори за време на, како што Москва ја нарекува „специјалната воена операција“ во Украина, да аплицираат за руски пасоши, како и на нивните сопруги, деца и родители. За ова, тие мора да достават документи кои покажуваат дека служеле најмалку една година.

Тоа им е овозможено на оние кои потпишале договори со редовната армија и други „воени формации“, кои се однесуваат на групи како Вагнеровите платеници. Москва не објавува податоци за бројот на странски државјани кои се борат на нејзина страна во Украина.

Ројтерс претходно објави за Кубанци кои се пријавиле во замена за бонуси кои изнесуваат стотина пати повеќе од просечна кубанска месечна плата, и за тројца Африканци во Вагнер, од кои двајца загинале.

Американската разузнавачка служба проценува дека 315.000 војници се убиени или повредени во војната во Украина, или 90 отсто од војниците достапни на почетокот на конфликтот.

Во септември 2022 година, Русија регрутираше уште 300.000 луѓе, во првата мобилизација по Втората светска војна. Се смета дека Москва би можела повторно да го стори тоа по претседателските избори во март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ