недела, 20 октомври 2024

Русија го казни Гугл со околу 30.000 евра поради видео за војната во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Прекршочниот суд го прогласи за виновен Јутјуб, кој е во сопственост на Гугл, бидејќи не избришале видео снимки со „неточни информации за конфликтот“ кој Русија го нарекува „специјална воена операција“.

Гугл е казнет и за тоа што не се отстранети снимки на кои се покажува како да се влезе во објекти кои не се за малолетници, пренесуваат руските медиуми. Не е објаснето за какви објекти станува збор.

Од почетокот на војната во февруари 2022, Русија често ги казнува критичарите и сите кои ја доведуваат во прашање специјалната операција.

Опозиционерот Владимир Кара-Мурза беше осуден оваа година на 25 години затвор поради „предавство“ бидејќи беше против руските воени акции во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ