сабота, 19 октомври 2024

Русија: Целосно го ослободивме Лиман од украинските националисти

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за важен железнички центар западно од Северодоњецк. Утринава за Лиман се огласи и британското министерство за одбрана велејќи дека руските сили го зазеле.

„По заедничката акција на милицијата на Народна Република Доњецк и руските вооружени сили, градот Лиман е целосно ослободен од украинските националисти“, се вели во соопштението на руското министерство за одбрана.

Вчера, Украина призна дека Русија го зазеде поголемиот дел од Лиман, но тврдеше дека украинските сили продолжуваат да го блокираат пристапот до Славјанск, град лоциран на околу половина час возење на југозапад.

Лиман е стратешки важен град затоа што овозможува пристап до железнички и патни мостови преку реката Северски Доњец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ