петок, 18 октомври 2024

Русија бара апсење на најмалку тројца косовски полицајци

Русија трага по четворица државјани на Косово, од кои најмалку тројца се полицајци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Радио слободна Европа дошле до документи кои покажуваат дека Русија смета тројца полицајци за осомничени за кривични дела „незаконско апсење“ и „грабнување“, за кои во таа земја се заканува казна до 12 години затвор.

Барањето за нивно апсење е упатено и до меѓународната полициска агенција Интерпол.

Русија тврди дека тие полицајци биле вмешани во апсењето и малтретирањето на Михаил Красношченков во 2019 година.

Красношченков, кој има руско државјанство, тогаш бил вработен во Мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК).

Тој бил шефот на тимот во канцеларијата на УНМИК во Зубин Поток, општина со српско мнозинство на северот на Косово.

Според косовските медиуми од почетокот на март, меѓу лицата кои ги бара Русија се двајца полицајци на елитните единици на косовската полиција: Бесарт Ахмети и Аљбан Јетулаху.

РСЕ имале увид во листата на меѓународно барани лица од страна на министерството за внатрешни работи на Русија, на која се наоѓа и името на Фарук Гаши, кој според РСЕ е исто така припадник на косовската полиција.

На списокот е уште еден државјанин на Косово, но неговото име не е познато.

На рускиот список, како и во документите на Интерпол, тие се водат како државјани на Србија, бидејќи Русија не ја признава еднострано прогласената независност на Косово.

Врз основа на извештајот на Интерпол за случајот на Бесарт Ахмети, на Красношченков неговиот претпоставен на 28 мај 2019 година во 8:30 часот му наредил да оди во јужниот дел на Митровица за да ја надгледува ситуацијата по информацијата дека „дошле вооружени луѓе“.

„На патот од Зубин Поток до Митровица, автомобилот со кој управувал Красношченков бил нападнат од луѓе, меѓу кои бил Ахмети, иако Красношченков го покажал својот идентификациски документ.

Тие насилно го извеле Красношченков од автомобилот, го претепале, го врзале и го одвеле во Митровица, каде против негова волја го држеле до 14 часот, кога од УНМИК протестирале за киднапирање на нивниот службеник“, се наведува во извештајот на Интерпол.

Владата на Косово не сака да го коментира ова прашање, а министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља на 4 март кажа: „Знаеме, имаме официјални информации за тоа прашање. Тоа не е наша грижа“

Интерпол, кој дејствува во 195 земји низ светот, се фокусира на борбата против глобалниот криминал, тероризмот, организираниот и финансискиот криминал.

Русија се придружи на Интерпол во 1990 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ