вторник, 22 октомври 2024

Рубин: Македонија е прва земја со која САД потпишаа меморандум за разбирање во борбата со дезинформациите

Објавено на

часот

Сподели

„Манипулација на информацијата е сериозен проблем за САД. Тоа е проблем во целиот свет. Ние откривме дека во многу случаи Кина на некои медиуми ја дава бесплатно својата новинска служба под услов да не смеат да користат други новински служби ако сакаат нивната да ја користат бесплатно. Ние се обидувама да го спречиме тоа“, изјави Рубин.

Во врска со потпишаниот меморандум за разбирање со Северна Македонија, Рубин истакна дека САД увиделе дека руските државни медиуми Раша Тудеј и Спутник се уште работат во Србија и тие се употребувале „за поткопување на Северна Македонија“.

„Затоа склучивме меморандум со Северна Макдеонија и таквите договори ја формализираат желбата на другата страна кон тој проблем да се однесува со таква сериозност како и ние. Тоа не е решение на проблемот, туку демонстрација на волја“, изјави Рубин.

Додаде дека претстои работа со Владата на Македонија „за да им се даде средство за следење на чистотата на информацискиот простор, да им се покаже како сокриената рака на Русија се вмешува во нивото информациско пространство“.

„Да се обидеме да им дадеме инструменти за анализа на труењето на нивниот информациски простор. Тоа значи размена на напредно искуство со работа на слободни медиуми, проверка на факти, засилување на отпорноста“, вели тој.

Рубин изјави дека партнерите на САД во Македонија и од другите региони на Балканот како Бугарија, но и од Словачка истакнале дека тие признаваат дека тоа е ужасен проблем со кој се судираат.

„Ние сакаме да работиме со нив за да го постигнеме тоа кога Русија или Кина се мешаат во нивниот информациски простор тоа да биде транспарентно, да биде посочено, за скриената рака да стане видлива. Нема ништо лошо во тоа кога земјите ја прикажуваат нивната точка не гледање, но таа не треба да биде скриена. Тоа треба да биде транспранетна“, изјави Рубин.

Во интервјуто тој зборуваше и за проблемите со дезинформациите во Црна Гора, каде се говори на српски јазик.

„Србија е единственото место на Балканот каде РТ и Спутник сѐ уште се емитуваат. Затоа ако вие сте во Црна Гора можете да ја читате руската дезинформација на српски јазик која слободно поминува преку Србија. Така што работата не е толку во надворешната вмешаност во изборите колку во тоа што ние треба да успееме во тоа, РТ и Спутник, да не нанесуваат толку многу штета во Црна Гори и Северна Македонија“, вели Рубин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ