понеделник, 25 ноември 2024

Роми-повратници од странство го дооформија образованието во Штип

Дваесет и седум Роми денеска го оформија своето основно образование. Во учебната 2023 – 2024 година во Општинското основно училиште (ООУ) „Гоце Делчев“ во Штип тие имаа можност да го завршат своето образование кое од различни причини било прекинато.

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на ООУ „Гоце Делчев“-Штип, Зоран Митев рече дека има детектирано уште 33 Роми повратници кои чекаат да го заокружат своето основно образование.

„ Основното училиште „Гоце Делчев“ од Штип беше вклучено во организирање на настава за Роми, повратници од странство. Можам да кажам дека во периодот 2023-2024 во нашето основно училиште 27 Роми-повратници го заокружија своето основно образование. Инаку, како училиште стоиме на располагање и понатаму да продолжиме да учествуваме во реализацијата на овој проект, со оглед на тоа дека има детектирано уште 33 Роми-повратници коишто чекаат да го заокружат своето основно образование“, изјави Митев.

Ромите-повратници, кои се вратиле од западноевропските земји и го завршија своето основно образование посочуваат дека ова е од големо значење за нив, бидејќи можат да бидат конкурентни на пазарот на трудот. Дел од нив веќе почнале и со работа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ