четврток, 24 октомври 2024

Романска десничарка: на Европскиот парламент му треба свештеник да го исчисти од ѓаволот

Екстремно десничарска европратеничка предложи во Европскиот парламент да се повика свештеник за да го исчисти од ѓаволот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дијана Шошок, лидерката на романската крајнодесничарска партија СОС Романија, неодамна беше избрана за својот прв мандат како пратеник на Европскиот парламент. Поранешната членка на горниот дом на парламентот на својата земја, во Романија стана позната по своите антиимиграциски и анти-ваксерски ставови, како и по своето однесување во законодавниот дом во Букурешт.

„Исто како и во романскиот парламент, овде се среќаваат ѓаволи“, им рече Шошок на новинарите оваа недела.

„Ќе донесам свештеник да ги чисти канцелариите и каде што можам. Тоа е мое право на религија, на изразување на мојата вера“, рече таа.

Шошок носеше традиционална романска народна носија на својот прв ден во парламентот. Додаде и дека донела смирувачка миризлива смола и икона на Света Параскева, балканска светица од 10 век.

„Духот на сите во парламентот веднаш се промени“, изјави таа за новинарите.

Таа го раскажа и својот разговор со шефицата на Европскиот парламент, Роберта Мецола, велејќи дека Малтежанката пребледела кога ја видела.

„Отидов кај Мецола. Кога ме виде, таа пребледе“, рече Шошок. „Барав состанок, а таа стануваше се побледа. Ми рече: Ве молам пишете ми во кое време сакате и јас сум отворена да разговарам со вас“.

Претходно оваа недела, во видео во живо на Фејсбук, снимено за време на гласањето за избор на претседател на парламентот, Шошок се сними како ги пречкртува имињата на Мецола и противничката Ирене Монтеро и ги пишува зборовите „НИКОГАШ ЗА УКРАИНА, НИКОГАШ ЗА ЛГБТ, НИКОГАШ ЗА ДИКТАТУРА НА ЕУ“ на своето гласачко ливче. И покрај таквите напори, Мецола беше избрана за втор мандат со убедливо мнозинство.

Во својот прв говор во парламентот вчера, Шошок, која беше критикувана за своите врски со Москва, ја обвини ЕУ дека ја уништува Романија помагајќи ѝ на Украина и повика на прекин на испораката на оружје за Киев.

„Ја уништивте Романија, сите патишта се уништени, Романците се осиромашени од постојаната помош за Украинците“, рече таа, додавајќи дека разговарала за завршување на војната со Москва затоа што Русија е „единствената страна што сака да зборува за мир“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ