петок, 18 октомври 2024

Романија ги враќа МИГ-21 во употреба поради војната во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведува Балканска безбедносна мрежа, авионите МИГ-21 лансер повторно почнале да летаат на 23 мај.

Претходно, овие авиони во средината на минатиот месец беа повлечени од употреба, а причина беше загубата на еден авион и пилотот на 2 март, на задача над Црно Море.

Потоа беа повлечени од употреба 27 едноседи и двоседи од тој тип.

„Се ширеа гласини дека авионите МИГ-21 ќе ѝ бидат доставени на украинската авијација како воена помош, но се чинеше најблаго речено мошне невообичаено целосно застарена техника да се најде во рацете на пилотите што летаа на Су-27 и МИГ-29. Сега МИГ-21 ќе продолжи да лета во постојано дежурство во рамките на дежурните сили на противвоздушната одбрана“, се вели на порталот.

Беше решено дека старите МИГ ќе летаат до 15 мај следната година.

Романија првиот МИГ-21 го воведе во вооружувањето во 1962 година. сега летаат авионите набавени во 1970-тите.

Низ модернизација од 1995 до 2002 година поминале 111 летала МИГ-21, но повеќето досега се приземјени поради истекот на животниот век или се уништени во несреќи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ