сабота, 20 јули 2024
Серија А

Рома со пресврт до гостински триумф против Сасуоло (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тимот на Мурињо влезе офанзивно во мечот, но во 25. минута следуваше студен туш кога Матеус Енрике по асистенција од Берарди донесе водство за Сасуоло од 1-0.

Рома постојано напаѓаше, но Сасуоло одлично се бранеше. Клучниот момент се случи во 62. минута кога Болока поради опасен старт доби директен црвен картон, домаќините останаа со фудбалер помалку.

Волчицата додаде гас и работите почнаа да се менуваат, клучен беше Расмус Кристенсен кој влезе во второто полувреме.

Во 75. минута врз Кристенсен беше направен пенал кој го реализираше Дибала за израмнување на 1-1.

Во 82. минута самиот Кристенсен постигна гол за комплетен пресврт и победа на Рома од 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ