недела, 9 март 2025

Рома со гол во 94. минута го победи Атлетик Билбао (ВИДЕО)

Шомуродов со гол пред последниот судиски свиреж донесе победа од 2-1 за Рома над Атлетик Билбао во првиот осминафинален дуел од Лига Европа.

Објавено на

часот

Сподели

Во првото полувреме немаше погодоци, а по пет минути игра во вториот дел Ињаки Вилијамс даде гол за водство на Атлетик Билбао од 1-0.

Но, работите на Олимпико се променија. Само шест минути подоцна Анхелињо изедначи на 1-1.

Се очекуваше дека мечот ќе заврши со тој резултат, но Шомуродов во 94. минута даде гол за победа на Рома од 2-1.

Ајнтрахт со 2-1 славеше против Ајакс во Амстердам, со истиот резултат Лацио победи кај Викторија Плзен.

Бодо/Глимт со 3-0 го совлада Олимпијакос.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ