вторник, 22 октомври 2024

Ројтерс: Русија почна со ажурирање на нуклеарната доктрина

Русија веќе почна со ажурирање на својата нуклеарна доктрина, изјави денес портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, а пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според британската агенција, Песков се повика на претходна изјава на рускиот претседател Владимир Путин, кога тој за време на посетата на Виетнам кажа дека Москва размислува за можни промени на нуклеарната доктрина.

„Претседателот Путин кажа дека во тек е работа на усогласување на доктрината со актуелните реални околности“, кажа Песков.

Покрај тоа, Путин минатата недела на средба со дипломците на воените универзитети најави планови за понатамошен развој на нуклеарниот арсенал.

„Нашите планови вклучуваат понатамошен развој на нуклеарната тријада како гаранција за стратегиско одвраќање и одржување рамнотежа на силите во светот“, кажа Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ