Ова во поткаст го кажа портпаролот на поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте, Хари Рог, пренесува Ројтерс, кој потоа го видел документот што САД го испратиле на Филипините, но владата не го објави јавно.
Ројтерс успеал да ја потврди содржината со извор запознаен со одговорот на САД.
Признанието на САД следува по истрагата на Ројтерс од 14 јуни, во која беше откриено дека Пентагон почнал тајна операција за дискредитирање на кинеските вакцини и друга помош поврзана со коронавирусот во 2020 и 2021 година.
Портпаролот на Стејт департментот рекол за коментар да се обратат до Министерството за одбрана.
Портпаролот на Пентагон, Пит Нгуиен, одбил да потврди дали американскиот цитат во споменатиот документ е точен, но признал дека Пентагон дистрибуирал „содржина на социјалните мрежи за безбедноста и ефикасноста на вакцината синовак“.
Одделението за одбрана и надворешни работи на Филипините не одговорило на барањата за коментар за признавањето на американската војска дека водело пропаганда.
Новинската агенција идентификувала стотина лажни сметки на мрежата Икс што одговараат на описите на поранешните американски воени функционери запознаени со операцијата на Филипините.
Кога Ројтерс го прашал Икс за сметките, компанијата ги отстранила профилите откако „независно утврдила дека се дел од координирана бот-кампања“.
Запрашан за сметките на социјалните мрежи и кој управувал со нив, Нгуиен не сакал да одговори.
Филипините и земјите од Централна Азија, Блискиот Исток и Југоисточна Азија во голема мера зависеа од кинеската вакцина синовак за време на пандемијата.
Филипините беа една од југоисточните земји што беа најтешко погодени од коронавирусот. Според податоците на Светската здравствена организација, до 2024 година, речиси 67.000 Филипинци починале од последици на инфекција со коронавирус, а бројот на заразените достигна повеќе од четири милиони.