недела, 20 октомври 2024

Роберт Милошески прв советник, Австралиец со македонско потекло во Западна Австралија

Роберт Милошески на неодамнешните локални избори стана првиот Австралиец од македонско потекло советник во општина во Западна Австралија.

Објавено на

часот

Сподели

На локалните избори кои се одржаа во Западна Австралија за советник во општина Равесторп, град на 560 километри источно од главниот град за ЗА Перт, е избран Тоберт Милошески.

Тој е роден во Перт, а по потекло е од село Алинци, Општина Прилеп. Милошески е успешен бизнисмен со недвижнини.

Почесниот македонски конзул Зоран Косески од негово и од името на македонската амбасадорка во Австралија Билјана Стефановска – Сековска на Роберт Милошески му го честиташе изборот и му посака успех на новата функција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ