недела, 20 октомври 2024

Роберт Кенеди Помладиот најави независна кандидатура за претседател на САД

Роберт Ф. Кенеди Помладиот се откажа вчера од трката за номинација на Демократската партија за претседателските избори во Соединетите Американски Држави следната година и најави дека за Белата куќа ќе се натпреварува како независен кандидат.

Објавено на

часот

Сподели

Кенеди, според анализите на политичките прогнозери, немал шанси да стане 47-ми претседател на САД ниту пред да им ја најави на своите симпатизери во Филаделфија намерата во трката да влезе како независен кандидат.

Сепак, прогнозерите сметаат дали независната кандидатура на Кенеди ќе му помогне или наштети на актуелниот претседател Џо Бајден кој се натпреварува за втор мандат или на поранешниот претседател Доналд Трамп, фаворитот за номинацијата на Републиканската партија. Во клучните држави кои можат да го одлучат победникот, независен кандидат би можел да има значителен ефект на исходот на претседателската трка.

Кенеди изјави дека неговата кампања ќе биде независна од Волстрит, високо технолошките, фармацевтските и воените компании, лобистите, „платеничките медиуми“ и „двопартискиот систем“.

„Во поларизирана земја, корумпираните власти лесно можат да манипулираат и да го контролираат и одземаат богатството, нејзините слободи, нејзината праведност, нејзиното достоинство“, кажа Кенеди во понеделникот.

Кенеди може да очекува внимателно следење од страна на демократите, откако  во 2016 година Џил Стајн од Зелената партија освои 48.941 глас во Пенсилванија, во која Трамп ја порази претседателската кандидатка на Демократската партија Хилари Клинтон со 44.292 гласа повеќе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ