Снимањето на филмот ќе се одвива во текот на месец август оваа година, на повеќе локации во Атина, Грција. Филмот ја раскажува приказната за Лена, 20-годишна жена која живее во Атина, работи во локален супермаркет и живее со своето семејство. Поради тоа што живее сиромашно, а секојдневието ѝ е исполнето со напнатост, таа сака да се исели и да започне свој живот. Сè се менува кога Лена ќе добие отказ истовремено дознавајќи дека е бремена. Што ако одлуката да го задржи бебето е единствениот начин да ја зачува работата?
Во улогата на Лена се јавува младата Елина Цорбаци, а останата екипа е составена од актери од Грција и од Албанија.
„Ритам на животот“ е финансиски поддржан од филмските Центри на Грција, Црна Гора и Кипар, како и од Агенцијата за филм на Македонија. Главен продуцент е грчката продукциска куќа „Соул продукција“ на Јоана Султани, додека македонски ко-продуцент е Дејан Крајчевски од Круг филм. Ко-продуценти се и Деспина Музаки од кипарската „Брејкинг вејв продукција ЛТД“, и Немања Драговиќ од црногорската „Видеа продукција“.
Ова е прв долгометражен филм на Баста. Нејзините краткометражни филмови „Не утре“, „Чадор“, „Христос и Димитра“, „Евива“ и други, во изминативе десетина години учествувале на низа локални и меѓународни фестивали и постигнале голем успех.