недела, 20 октомври 2024

Република Српска се обидува да го протера високиот претставник од БиХ

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ кажа дека престојот на високиот претставник на меѓународната заедница Кристијан Шмит во таа земја е незаконски и дека затоа „би требало да биде испратен дома“.

Објавено на

часот

Сподели

„Шмит самиот себеси се нарекува висок претставник, а тој тоа не е. Тој е дипломат на Германија“, кажа Нешиќ на конференција за медиумите во Сараево.

Нешиќ на функцијата државен министер го постави лидерот на босанските Срби Милорад Додик, па сега се вклучи во кампањата за докажување дека Шмит не е легално избран на должноста висок претставник и затоа ги нема овластувањата кои од тоа произлегуваат.

Шмит е именуван од управниот одбор на Советот за спроведување мир (ПИЦ), од кој Русија се повлече во 2021, а вообичаената расправа за тоа во Советот за безбедност на ОН изостана поради противењето на Русија, па затоа сега за босанските Срби тоа е клучниот доказ дека Шмит не е висок претставник.

Кампањата на напади на Шмит засили пред почетокот на судењето на Додик поради непочитувањето на одлуките на германскиот дипломат. Ако биде прогласен за виновен, за тоа му се заканува казна од шест месеци до пет години затвор и автоматска смена од должноста. На актуелниот претседател на РС ќе му се суди затоа што потпиша указ за стапување на сила на законите кои Шмит претходно со свои одлуки ги поништи.

Нешиќ на новинарите им кажа дека неговите проверки преку безбедносните агенции „покажале дека Шмит е нелегитимен“. Заклучи дека актуелниот висок претставник во БиХ всушност ја претставува Германија, а дека е спорен и статусот на припадниците на германската полиција кои го обезбедуваат, кои ги обвини дека се незаконски вооружени. Нешиќ тврди дека „германскиот граѓанин“ ги крши законите на БиХ кога во неа влегува и излегува и го повика Обвинителството на БиХ да отвори истрага за тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ