понеделник, 28 октомври 2024

Репортери без граници: Намален бројот на загинати новинари, но тоа не ја намалува трагедијата

Во 2023 година, 45 новинари загинале вршејќи ја својата работа, се вели во годишниот извештај на „Репортери без граници“ (РБГ) објавен денеска. Иако 17 новинари ги загубија животите во октомврискиот конфликт меѓу Израел и Хамас, РБГ забележува најмалку смртни случаи од 2002 година. Според податоците на Здружението на новинари (ЗНМ) во 2022 година загинати новинари нема, но зголемен е бројот на тужби за клевета и навреда, така што вкупниот број активни предмети во кои странка е новинар или медиум порасна на 54, за разлика од 2021 година, кога изнесуваше 20. 

Објавено на

часот

Сподели

Минатата година, според податоците на оваа невладина организација, 61 новинар бил убиен за време на работата.

„Ова во никој случај не ја намалува трагедијата во Газа, но забележуваме пад, податоците се далеку од повеќе од 140 убиени новинари во 2012 година, потоа во 2013 година, главно поради војните во Сирија и Ирак“, изјави генералниот секретар на РБГ, Кристоф Делоар.

Според последниот извештај објавен на 1 декември, значително помалку смртни случаи на новинари имало во Јужна Америка, каде што биле убиени шест новинари во 2023 година, во споредба со 26 во 2022 година.

Во Мексико, најсмртоносната област за новинарската професија по Газа, во 2023 година беа убиени четворица новинари во споредба со 11 претходната година. Од вкупно 84 исчезнати новинари, речиси секој трет е Мексиканец, велат од невладината организација.

Според податоците на Здружението на новинари (ЗНМ) во 2022 година загинати новинари нема, но зголемен е бројот на тужби за клевета и навреда, така што вкупниот број активни предмети во кои странка е новинар или медиум порасна на 54, за разлика од 2021 година, кога изнесуваше 20. 

Според ЗНМ, она што загрижува е зголемувањето на бројот на тужбите чија цел е да се изврши притисок, заплашување или финансиско исцрпување на новинарите, со цел да се демотивираат или да се откажат од јавна критика (СЛАПП тужби). Во текот на 2022 година, ЗНМ регистрираше пет вакви случаи.

Во регистарот на напади што го води ЗНМ за 2022 година е регистрирана само една пријава од новинарка што била жртва на вознемирување, напад или закани врз родова основа. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ