петок, 18 октомври 2024

Реконструкција на пет училишта во Аеродром

Објавено на

часот

Сподели

Ова го соопшти градоначалникот на општината Аеродром, Ивица Коневски, а Зоран Ставревски, вицепремиерот и министер за финансии, кажа дека овој проект ќе го поддржи и Владата.

Ќе се реконструираат основните училишта „Лазо Ангеловски“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Блаже Конески“, „Љубен Лапе“ и „Гоце Делчев“, како и градинките „Лале““ и „Пчелка2“. Фирмите што ќе бидат избрани на тендерот ќе имаат обврска да ги реконструираат фасадите, покривите, санитарните јазли, подовите, водоводната инсталација, како и влезниот трем на едно од училиштата.

„Со оваа крупна инвестиција очекуваме основните училишта целосно да се модернизираат, а учениците конечно ги добијат услови за учење достојни на европските стандарди“, изјави градоначалникот Коневски.

Искажувајќи поддршка за проектот, вицепремиерот Ставрески рече дека Аеродром е една од најпрогресивните општини и пример како капиталните и инфраструктурните инвестиции, обезбедени од сопствени средства, директно може да влијаат врз зголемување на квалитетот на животот. Отворањето на јавната набавка за реконструкција на училиштата е закажано за 31 јануари, по што ќе се склучат договори и веќе во текот на февруари ќе може да почне големата реконструкција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ