петок, 18 октомври 2024

Речиси 70 отсто од Србите на Косово не се чувствуваат безбедно

Големо мнозинство од Србите на Косово се чувствуваат небезбедно, во однос на припадниците на албанската и другите несрпски заедници, кои во голема мера се чувствуваат безбедно, покажува најновото истражување на мисијата на Програмата на Обединетите нации за развој (УНДП) во Приштина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вкупно 83,2 отсто од анкетираните изјавиле дека се чувствуваат безбедно од насилство и криминал кога се на улица, додека податоците според полот покажуваат дека 83,4 отсто од мажите и 82,9 отсто од жените се чувствуваат безбедно кога се на улица, покажуваат податоците на анкетата спроведена меѓу 1.300 анкетирани.

Во истражувањето се истакнува и дека по етничка припадност поголемиот број косовски Албанци (85,3 отсто) и другите косовски заедници (83,2 отсто) се чувствуваат безбедно кога се на улица, додека меѓу Србите тој процент е 31,9 отсто.

Трите главни прашања за Албанците се невработеноста, сиромаштијата и цените на основните продукти. За Србите, освен небезбедноста и сиромаштијата, главни прашања се проблемите на урбаниот простор и меѓуетничките односи, додека за останатите заедници главни прашања се сиромаштијата, снабдувањето со електрична енергија и проблемите со урбаниот простор.

Податоците по етничка припадност покажуваат дека 52,9 отсто од Албанците и 51,6 отсто од останатите заедници имаат позитивен став за договорот на Белград и Приштина, во споредба со 25,7 отсто од косовските Срби.

Задоволни од владата во Приштина се 53,3 отсто од вкупниот број анкетирани, а задоволни од работата на премиерот се 58,3 отсто.

Задоволство од работата на институциите во Приштина се 69 отсто, стапката на задоволство од судовите е 27,1 отсто, а од обвинителството 26,5 отсто, се наведува во извештајот на УНДП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ