петок, 18 октомври 2024

Речиси 70 отсто од Французите поддржуваат воведување вонредна состојба

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето на ИФОП е спроведено од 29 до 30 јуни, а опфатило 1.005 лица постари од 18 години.

„Шеесет и девет отсто од Французите поддржуваат воведување вонредна состојба“, соопшти ИФОП, напоменувајќи дека прашањето за воведување вонредна состојба е поставено по повеќедневните немири во Франција по убиството на седумнаесетгодишното момче, кои вклучуваа напади на полициски станици, уништување државен имот, пожари и друго.

Француски полицајци минатиот вторник го убија 17-годишниот тинејџер за време на сообраќајна контрола во Нантер, поради тоа што, според нивните тврдења, одбил да сопре.

Во повеќе градови во Франција избија немири кои траат неколку дена. Според податоците на министерството за внатрешни работи, демонстрантите низ земјата запалиле околу 3.800 автомобили, како и згради на полицијата и други објекти.

Министерството за економија наведе дека се ограбени околу 250 експозитури на банки, 200 прехранбени продавници и десетина трговски центри.

Специјални полициски сили, вклучувајќи оклопни возила и хеликоптери, се распоредени во повеќе градови. Приведени се околу три илјади лица, од кои многу се малолетници.

Владата соопшти дека ќе ги разгледа сите начини за сопирање на немирите, но засега не е воведена вонредна состојба, иако во многу градови на сила е полициски час.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ