Реал Мадрид успеа да го врати тоа што го загуби на свој терен, ги доби и двата меча против Партизан на теренот на црно-белите и се избори за решавачки дуел кој ќе го игра на својот терен.
Кралскиот клуб водеше речиси во целиот тек на мечот, Партизан беше блиску, не дозволуваше Реал да се одлепи, но никако не успеваше да го стави резултатот под своја контрола.
На крајот Реал Мадрид сосема заслужено дојде до победата од 85-78.
Ледеј постигна 25 поени за Партизан, Папапетру даде 18, кај Реал Мадрид Ханга и Таварез реализираа по 15, Дек имаше 14.
Во решавачкиот дуел Реал Мадрид ќе ја има предноста на домашен терен, за Партизан добра вест е што се враќа Кевин Пантер по одлежаната суспензија.