вторник, 22 октомври 2024
Лига на шампиони

Реал со триумф над Наполи го завери првото место, Арсенал го демолираше Ленс за пласман во осминафинале (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид и Наполи одиграа интересен меч со шест голови кој на крајот го добија кралевите. Елиф Елмас во игра влезе во 65. минута од натпреварот.

Наполи поведе уште во 9. минута со гол на Џовани Симеоне, но веќе во следниот напад Родриго изедначи на 1-1. А брзо потоа и Белингем даде гол за комплетен пресврт и водство на Реал Мадрид од 2-1. Тоа беше резултатот по првото полувреме.

Со почетокот на вториот дел дојде гол за Наполи, Ангуиса изедначи на 2-2. Тој резултат беше актуелен до 84. минута кога 19-годишниот Паз погоди од далечина за водство на Реал од 3-2, конечните 4-2 беа дело на Хозелу во 94. минута.

Арсенал го торпедираше Ленс победувајќи го со 6-0. Пет погодоци беа постигнати во првиот дел, погодија Хаверц, Габруел Жесус, Сака, Мартинели и Одегард. Норвежанецот даде гол од пенал и во самиот финиш од мечот за конечни 6-0.

И Бенфика и Интер одиграа меч со шест гола, овој натпревар беше со по три погодоци на двете страни. Жоао Марио даде хет-трик во првото полувреме за водство на португалскиот клуб од 3-0, во вториот дел Арнаутовиќ, Фратези и Санчез погидија за конечни 3-3.

Брага и Унион Берлин одиграа 1-1, а немаше голови на дуелите Баерн Минхен – Копенхаген и Реал Соседад – Салцбург.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ