Навивачите на Партизан создадоа пекол во „Штарк арената“, но кошаркарите на Реал Мадрид не паднаа под притисокот иако почнаа очајно лошо.
Црно-белите стартуваа со фантастична серија од 12-0, имаа и водство од 15 разлика во првиот дел, но во втората четвртина Реал Мадрид намали голем дел од негативата и на полувремето се замина со предност на Партизан од 48-45.
Во вториот дел беше крајно неизвесно, на 77-77, Реал Мадрид направи мини серија од 5-0, немаше време за Партизан освен да го намали резултатот на конечни 82-80.
Најдобар во составот на Реал Мадрид беше Таварес со 26 поени, имаше и 11 скокови, одличен беше и Вилијамс Гос со 22 поени, Хезоња постигна 12. За Партизан Ледеј и Смаилагиќ постигнаа по 15 поени, Нанали реализираше 13.
За следниот натпревар кој се игра во четврток, во составот на Партизан се враќа суспендираниот Лесор, кај Реал се враќа Дек.