понеделник, 28 октомври 2024

Реал Мадрид лесно се справи со Селта, деби погодок за Арда Ѓулер (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 4-0 ја совлада Селта, големиот турски талент Арда Ѓулер го постигна првиот гол за кралскиот клуб.

Објавено на

часот

Сподели

Кралскиот клуб немаше проблеми против Селта, лесно дојде до трите бода.

Резултатот го отвори Винисиус со гол во 21. минута. Со предност од 1-0 за Реал Мадрид заврши првото полувреме.

Тој резултат беше актуелен до 79. минута кога со автогол на Гуаита, Реал Мадрид зголеми на 2-0. Во 88. минута, и Домингез си даде гол за 3-0.

Конечните 4-0 ги постави Арда Ѓулер во 94. минута од мечот. Тоа за него беше прв гол во дресот на Реал Мадрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ