Натпреварот почна идеално за Реал Мадрид, уште во втората минута по асистенција од Винисиус, Родриго даде гол за водство на Реал од 1-0.
Во тие моменти се чинеше дека кралскиот клуб лесно ќе дојде до победата, но не беше така.
По 13 минути игра во второто полувреме, Торо го изедначи резултатот на 1-1.
Во 70. минута повторно Родриго стапи на сцена, постигна нов гол, донесе ново водство за Реал Мадрид, овојпат од 2-1, а тоа беше и конечен резултат на мечот.
Фокусот на Реал Мадрид сега оди кон Лигата на шампионите каде во вторник го почнуваат полуфиналниот дуел со Манчестер Сити.