петок, 18 октомври 2024
КСЗД на отворени средби со граѓаните

Расте бројот на пријави против различни основи на дискриминација

Објавено на

часот

Сподели

Општина Крива Паланка е една од општините од кадешто сѐ уште нема доставено пријави до КСЗД , но, како што беше кажано на настанот, граѓаните токму на ваквите настани со кои се доближува и децентралзиира работата на Комисијата, се информираат за начинот на пријавување, се информираат и со Законот за спречување и заштитита од дискриминација, донесен уште 2010 година, така што, се очекува сите што сметаат дека се дискриминирани, да се охрабрат и да пријават.

„Започнавме од нула на почетокот. Сега, во овој мандат можам да кажам дека од година на година имаме се поголем успех и во разрешување и утврдување дискриминација, во околу 70 отсто од претставките. Во над 70 отсто од случаите е постапено по нашите препораки, а во одредени случаи, решавањето настанува и со посредување од наша страна. Тоа ми дава за право да кажам дека луѓето имаат доверба во оваа институција, а и ние немаме никаков притисок во работењето, така што, граѓаните на Северна Македонија имаат една отворена врата каде можат слободно да се обратат и да бидат сослушани“, додаде Деари.

Настанот се одржа со поддршка на ОБСЕ,  а присуствуваа претставници од локалната самоуправа на општина Крива Паланка, училишта, граѓански здруженија, МВР, останати општински служби и граѓани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ