сабота, 19 октомври 2024

Распродаден Плејбој со француска министерка на насловната страница

Објавено на

часот

Сподели

Вообичаено во Франција се продаваат околу 30.000 примероци од секој број на Плејбој.

Политичарката позирала во облека и ни на една фотографија не е гола, но магазинот бил сепак разграбен и тоа, по сè изгледа, поради нејзиното интервју.

Скијапа беше поприлично критикувана во Франција бидејќи се согласила да се фотографира за Плејбој. Веста дека токму нејзина фотографија ќе биде на насловната страница беше објавена во време кога француската влада се соочува со гневни демонстранти поради пензиската реформа.

Министерката за социјална економија Скијапа за Плејбој зборува за феминизмот и женските права.

Поранешна државна секретарка за рамноправност на половите (2017-2020), Марлен Скијапа во интервјуто го брани правото на жените „да бидат токму тоа што сакаат да бидат“, пренесува Франс прес.

„Ако сакаат да се облекуваат како свештенички и никогаш да не ги сретнат мажите што ги сакаат, треба да се поддржат во тоа. но и ако сакаат да позираат без облека во магазин“, кажа таа и откри дека е „горда поради тоа што пишувала еротска литература“.

Во интервјуто одговара на прашања како „Дали политиката е страсна?“, „Буди ли чувството на моќ задоволство?“ и „Дали се сметате за заводничка?“.

Министерката задолжена за рамноправност на половите Исабел Ром ја критикуваше одлуката на својата колешка да даде интервју токму за Плејбој.

„Се прашувам зошто за промовирање на женските права одбра магазин кој е кондензат на сите сексистички стереотипи? Па тоа е култура на жена-објект“, кажа Ром.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ