петок, 29 ноември 2024
Утре почнува крајот на случјот Софтвери

Рашковски вели дека обвинението е промашено, обвинителството тврди дека парите ги стекнал незаконски

Објавено на

часот

Сподели

Кога обвинител ќе промаши 99 отсто од обвинителниот акт тоа зборува за каков стручњак станува збор, пишува во дописот до медиумите поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски пред утрешното рочиште за случајот Софтвери во кој, тој е обвинет за …..

„Обвинителката Ивана Трајчева две години тврди дека на сметките на моите малолетни деца има огромна сума на незаконски средства. Милиони. Но на последното рочиште, сама, од немај каде, не дека и проработи совеста, таа смени дека од моја страна на нивните сметки се внесени 475 евра!!! Да. 475 евра. За толку две години се труе јавноста. Сега ќе треба да им погледне во очи на сите судии кои ги лажеше овие две години за да блокираат средства убедувајќи ги дека има докази дека станува збор за сериозен криминал. Судиите како да се претворија во неми послушници на барањата на обвинителите. Како за притвор, така за времени мерки, така и за претреси. Демек ова право на обвинителите им е од бога дадено, а тие се само исполнители на нивните желби“, пишува во дописот на Рашковски.

Поради ова, смета тој, Советот на Јавни обвинители веќе не смее да остане нем набљудувач.

Откако призна дека нема незаконско зголемување на мојот имот, обвинителката Ивана Трајчева направи досега невидено салто морталево обвинителската историја. Во својата изјава вели дека бидејќи обвинителството не можело да најде ништо незаконско во моите средства, ја испратиле документацијата до ДКСК за тие да најдат!!! Откако е веќе јасно дека случајот Софтвери е беспредметен, без никакви докази за сторено кривично дело, а на површина излегуваат, односно најверојатно сами си ги вадат скриените намери, обвинителката Ивана Трајчева поднесува обвинителен предлог против мене за сторено кривично дело Фалсификување исправа, притоа покажувајќи основно непознавање што е тоа картица од партија која банката ја издава. Со ова, Трајчева ја обвинува во позадина и НЛБ Банка дека издала фалсификат документ. После 2 години и се разјасни дека не може средства од 2017 и 2015 кога и не сум бил ни функционер да потекнуваат од 2019!!!“, пишува Рашковски во дописот до медиумите.

Трајчева пак, за МКД.мк вели дека тоа што ја намалила сумата на пари која Рашковски ја стекнал незаконски не значи дека не е виновен за кривичното дело за кое е обвинет.

Со оглед на тоа што не се утврди точно од кое кривично дело потекнуваат парите од 2017 година до првата уплата од предметните јавни набавки, а притоа од сите податоци, односно докази што се набавени не произлегува дека можел да ги стекне на легален начин овие парични средства, од тие причини направив измена во обвинението, го намалив временскиот период и го намалив износот на паричните средства, но истото кривично дело му останува. Висината на парите не е квалификаторен елемент и не влијае врз определување на казната. За казната не би можела да кажам, тоа е одлука на судот дали ќе има осудителна или ослободителна пресуда и доколку има осудителна, колкава би била казната“,  вели Трајчева за МКД.мк.

Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во октмоври 2021 година поднесе обвинение против Рапковски и против други шест лица поради злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари. 

Според обвинението, Рашковски со умисла помогнат од двајца надворешни соработници, ги извршил кривичните дела.

„Тој не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици“, пишува во обвинението.

Дополнително, обвинителката Трајчева поднесе кривична пријава за ново кривично дело, фалсификување исправа.

Според Трајчева, Рашковски свесно употребил лажен документ од банка за кој знаел дека не е точен, за да докаже невиност во случајот „Софтвери“.

                                                                                                                                                  Искра Опетческа

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ