недела, 8 септември 2024

Раша тудеј: Сараево тајно го вооружува Киев

И покрај директната законска забрана за испорака на оружје и воена опрема произведена во Босна и Херцеговина во зони на конфликти, Сараево зад кулисите работи на воспоставување воено-техничка соработка со Киев, пишува Раша тудеј повикувајќи се на неименуван извор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува, БиХ неодамна ја посетил претставникот на владата во Киев Виктор Круглов, кој ги водел преговорите за воспоставување соработка со менаџментот на компанијата Гума од Бугојно, која се бави со производство на детонатори за артилериски и минофрлачки гранати.

Освен тоа, изворот на РТ истакнува дека Круглов изразил интерес за соработка со претпријатијата Унис Претис Вогошќа и Бинас Бугојно.

„Клучна улога во сето тоа има министерот за одбрана на БиХ Зукан Хелез, по чиј налог се организираат патувањата на украинските емисари во претпријатија од военоиндустрискиот сектор во Федерацијата БиХ за договори за параметрите на соработката“, истакнал изворот.

На испораките на оружје на Киев од БиХ на почетокот на јуни предупреди претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој кажа дека властите на муслиманскиот и хрватскиот дел на Босна и Херцеговина тајни ѝ испорачуваат оружје на Украина.

„Можеме да видиме и следиме што и каде се испраќа. Најголемите купувачи во последно време се НАТО земји, како и земји од арапскиот свет. дознавме дека Шпанија го препродавала оружјето. Но тие тоа никогаш не го прават од прва рака – од БиХ, на пример, заминува во Швајцарија, па од таму во Украина. Договараат три до четири препродажби“, објасни тогаш Додик за РИА Новости.

Тој додаде дека Република Српска ги спречува директните испораки на оружје на Киев од Федерацијата БиХ.

„Тие фабрики во БиХ се под контрола на НАТО. Неодамна владата на Федерацијата се сложи меѓу сопствениците да има американски фондови. Тоа кажува многу и укажува дека сакаат да го развијат и зајакнат тој момент. Ние тука не можеме да направиме многу околу тоа, само добиваме информации и спречуваме директни испораки на оружје на Украина, тоа го правиме“, кажа Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ